Денеска во Истанбул беа формирани групите за новата сезона во Лигата на фудбалските шампиони.
Group A : Манчестер Сити, ПСЖ, Лајпциг и Бриж
Group B : Атлетико Мадрид, Ливерпул, Порто и Милан
Group C : Спортинг Лисабон, Борусија Дортмунд, Ајакс и Бешикташ
Group D : Интер, Реал Мадрид, Шахтјор Донецк и Шериф Тираспол
Group E : Баерн Минхен, Барселона, Бенфика и Динамо Киев
Group F: Вилјареал, Манчестер Јунајтед, Аталанта и Јанг Бојс
Group G: Лил, Севилја, Салцбург и Волфсбург
Group H: Челзи, Јувентус, Зенит и Малме
УЕФА ги одреди и најдобрите за одредени позиции на теренот за претходната сезона. Првотимецот на Челзи, Жоржињо, е така наречен – „МВП“. Наградата за најдобар голман заврши во рацете на Менди од екипата на Челзи. Рубен Дијаз од Манчестер Сити го доби признанието за најдоб дефанзивец, Нголо Канте од шампионскиот тим на „сините“ за најдобар играч во средината на теренот а Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд е изборот на стручното жири и на новинарите за најдобар голгетер во Лигата на Шампионите. На денешната церемонија беа посебно наградени и се членовите на медицинскиот тим на данската репрезентација, кои му пружија прва помош на Кристијан Ериксен кој колабираше на теренот на мечот Данска – Финска на ЕП 2020.