Македонскиот каратист Бојан Костов го освои бронзениот медал во категоријата до 55 килограми на Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениор (У-21) во Будимпешта, Унгарија.
Костов во Будимпешта ја продолжи серијата на одлични резултати, откако претходно го освои сребрениот медал на ЕП во кадетска конкуренција и бронзен медал на СП во Чиле.
Костов во јуниорска конкуренција, оствари три победи на стартот, по што потоа беше поразен од Султан Хусеинов од Азербејџан, кој пак на крајот стана и европски шампион. Костов успеа во репасажот да оствари две победи, прво над Шпанецот Виктор Куерва Мора, а потоа и каратистот од Бугарија, Денислав Стојанов, со што дојде до бронзениот медал.
Стефан Стојановиќ во јуниорска конкуренција, во категоријата до 76 килограми го освои петтото место, додека кај јуниорките, Магдалена Божиновска беше седма.