Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Единсон Кавани е блиску до трансфер во аргентинскиот клуб Бока Јуниорс, објави новинарот Џонатан Пинаско.
Според Пинаско, страните веќе се договориле за сите детали. Официјалното објавување на трансферот треба да се случи утре.
Напаѓачот минатата сезона забележа 19 настапи за Манчестер Јунајтед во сите натпреварувања, постигна два гола и даде една асистенција. Деновиве се шпекулираше со негово заминување во Борусија (Д), но од тој трансфер очигледно нема ништо.