Македонската боксерска репрезентација ќе се појави на квалификацискиот турнир за ЛОИ кој ќе биде релизиран од 14 до 24 март во Лондон. Организаторите на турнирот потврдија дека нема да има одложување на борбите поради добро познатата ситуацијата со корона-вирусот. Нашата репрезентација предводена од селекторот, Хесус Сојет од Куба, од вчера се подготвува во престолнината на Англија. Македонија ќе ја претставуваат, Јасин Љама (63 килограми) и Гоце Јанески (75 килограми.
„Добро се подготвивме за квалификациите, бевме на заеднички подготовки во Белград со селекцијата на Србија. Ветувам дека ќе дадам се од себе на овој турнир “ – вели Љама од Лондон.
„Ќе се претставам во најдобро светло, ветувам дека ќе го дадам максимумот, конкуренцијата е голема“ – изјави Јанески кој имаше одличен настап на Балканското првенство во Турција кога освои бронзен медал