Боксерската федерација на Македонија по одличните настапи на нашите претставници на силниот турнир во Врбас и освоените три медали, денеска организираше средба со новинарите. Претседателот на Федерацијата, Примислав Димовски, потенцираше дека големиот успех на боксери се преклопува со периодот кога нашата селекција ангажираше нов тренер од Куба кој деновиве работи во кампот за младите боксери во Струга.
„Направивем голем успех во Врбас во силна конкуренција. Со новиот тренер од Куба кој има големо искуство и како боксер и како тренер, очекувам подобри времиња за македонскиот бокс“ – нагласи Димовски.
Тренерите, Васко Цубалевски и Насер Харуни, кои ги водеа боксерите: Ардијан Аземи, Илхан и Ајхан Озмен на турнирот во Врбас, потенцираа дека сите во селекцијата се задоволни од постигнатите резултати и дека ќе продолжат да работат напорно за уште поголеми успеси на нашиот бокс.