Првиот човек на фудбалскиот состав Челзи, Тод Боли, вели дека има долгорочни планови и дека секогаш е потребно време за да се направат добри резултати.
„Трпението отсекогаш било наш принцип. Така ќе биде и со Челзи. Треба да имате одлучност да ја игнорирате целата врева околу вас и да останете верни на планот“ – вели Боли.
„Кога ќе погледнете што се случува сега, има чувство дека е се подобро и подобро“ – нагласи претседателот на „сините“ од Лондон.