Италијанските медиуми објавија дека претседателот на Болоња ќе направи напор да го обезбеди потписот на Златан Ибрахимовиќ кој на крајот на сезоната во САД ќе стане слободен фудбалер.
Според најавите, неколку екипи од Серија „А“ се обидуваат да го убедат Швеѓанецот да се врати во Европа а сега меѓу нив ќе се вклучи и тимот кој го предводи, Синиша Михајловиќ. Наводно, Болоња сака да му понуди на ветеранот договор за година и полови и околу десет милиони евра.
Се шпекулира дека спонзорите се обезбедени и само се очекува потврден одговор од Златан и неговиот агент, Мино Рајола.Ќе потсетиме дека Ибрахимовиќ има богато искуство од кало-лигата бидејќи настапуваше за Јувентус, Милан и Интер.