Фудбалскиот состав на Болоња ја одби понудата од Манчестер Јунајтед за напаѓачот, Марко Арнаутовиќ, потврди директорот на италијанците, Марко Ди Вајо.
„Црвените ѓаволи“се обиделе за 8 милиони евра да дојдат до потписот на 33-годишниот австриски репрезентативец кој треба да одработи уште една сезона од договорот.
„Не е се во парите. Марко има непроценлива вредност за нас“ – изјави Ди Вајо.