Осумкртаниот олимписки шампион во атлетика Усаин Болт може да игра во австралискиот фудбалски тим Централ Коуст Маринерс, откри неговиот агент Тони Ралис.
31-годишниот Болт, кој минатата сезона ја заврши својата атлетска кариера, започна шест неделен пробен период во тимот.
Спринтерот од Јамајка е голем обожавател на фудбалот и долго време сонувал да игра на професионално ниво. Тој се обиде во Борусија Дортмунд и Норвешкиот Штромгодсет, но не успеа да постигне договор за настап.