Џакомо Бонавентура официјално потпиша договор со Фиорентина. 31-годишниот играч за врска пристигнува на „Артемио Франки“ по шест сезони поминати во Милан.
Тој потпиша со „Виолетовите“ како слободен агент откако му истече договорот со „росонерите“. Бонавентура беше подложен на лекарски прегледи и потпиша двегодишен договор. Тој веќе започна да тренира со своите нови соиграчи.
Бонавентура е дел од академијата на Аталанта. Потоа тој беше привлечен од Милан во 2014 година за 5,3 милиони евра. Тој има 254 натпревари во Серија А, на кои постигна 44 погодоци и направи 38 асистенции.

