Фудбалерот на Наполи, Алесандро Бонџорно, изјави дека никој не очекувал неговиот тим да биде на врвот на табелата на едно коло пред крајот на сезоната.
„Серија А ни покажа дека нема лесни натпревари. Тренерот постојано изјавуваше дека целта е да се квалификуваме меѓу првите 4 и да играме во Лигата на шампионите“ – изјави фудбалерот.
„Никој не очекуваше да бидеме на врвот на табелата. Сега ни треба уште еден последен спринт за да ја запечатиме одличнава сезона“ – потенцираше дефанзивецот.

