Фудбалерите на Јувентус во текот на викендот одиграа нерешно во дербито со Аталанта 2:2 иако гостите имаа предност од два гола. Токму освоениот бод и дава на „старата дама“ солидна предност во однос на конкурентите во трката за шампионската титула.
„Бјанконерите“ имаат плус осум во однос на второпласираниот Лацио што значи дека во завршните пет кола може да играат без притисок. Мечот против екипата од Бергамо го искоментира дефанцивецот, Леонардо Бонучи.
„Секогаш е тешко да се игра против Аталанта. Сите мора да се жртвуваме за тимот. Освоивме бод, се обидовме да победиме, но, не успеавме“ – вели Бонучи.

