Дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи зборуваше за тоа кој според него, ќе стане шампион на Италија во сезоната 2021/22.
„Гледајќи го списокот со преостанатите натпревари, би рекол дека Интер треба да победи. Имам тенденција да мислам така и поради нивниот тим. Сепак, оваа сезона многупати не изненади. Возбудлива е трката за титулата и штета што Јувентус не е во неа. Уживаме во трката како фудбалски фанови“, изјави Бонучи за „Фудбал Италија“.
Интер на три кола пред крајот на сезоната во Серија А со 75 бодови го зазема 2. место на табелата. Милан има 2 бода повеќе и води во Италијанското првенство.