Стартниот дефанзивец на Јувентус Леонардо Бонучи може да остане надвор од теренот за околу еден месец, објавија медиумите во Италија.
Синоќа тој зарабои повреда на зглобот за време на дуелот со Лацио, а денес поминал детални испитување. Од клубот потврдија за проблемот, но не поставија рок за рехабилитација.
Првичните прогнози се дека тој ќе биде надвор од теренот околу 4 недели, што значи дека најверојатно ќе го пропушти првиот натпревар против Атлетико Мадрид од 1/8-финалето во Лигата на Шампионите, кој ќе се одигра на 20-ти февруари.
Бонучи сам се повреди, но не ја напушти средбата веднаш, остана во игра уште околу 20 минути.
Повредата може да го натера менаџментот на клубот да ја блокира продажбата на Меди Бенатија, кој е пред трансферот во клуб од Катар. Овие денови, „бјанконерите“ го зедоа дефанзивецот Мартин Касерес, но тој не е во класата на Бонучи на таа позиција.