Дефанзивецот на Италија, Леонардо Бонучи, постигна гол за Италија во финалето на Евро 2020 против Англија пред да ја освои втората титула во историјата.
Бонучи е само вториот играч на Јувентус кој постигнал гол во финалето на Европското првенство. Пред него тоа го стори само Мишел Платини. Легендарниот Французин постигна еден од головите за триумф со 2:0 против Шпанија на Еуро 84.
Покрај тоа, Бонучи се изедначи со Бастијан Швајнштајгер на најмногу натпревари на европските шампионати – 18. Логично, италијанскиот дефанзивец беше избран за најдобар играч во финалето.