Италијанскиот дефанзивец во екипата на Унион Берлин, Леонардо Бонучи изјави дека ќе се пензионира на крајот од сезоната 2023/2024.
„Имав две опции – Лацио и Унион. Го избрав Унион затоа што сакав да пробам нешто ново во мојата последна фудбалска сезона. Потоа, веројатно, ќе започнам кариера како тренер. Германија ни дозволува да усовршиме некои дисциплински и професионални методи“, рече Бонучи во последната своја изјава.
36-годишниот Леонардо Бонучи летово се пресели во Унион Берлин, откако 12 години помина во дресот на Јувентус.

