Дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи го поддржа голманот Војчех Шчесни во пресрет на натпреварот од првото коло во Лигата на шампионите против Малме.
„Тој мора да остане смирен и да не им дава значење на критиките. Сите ние треба да останеме фокусирани на теренот. Кога сте во Јувентус, мора да се навикнете на притисокот. Мора да бидеме посилни од притисокот. На оние што го носат дресот на Јувентус им веруваат сите, кој и да го носи, бидејќи го заслужуваат тоа и не треба да размислуваат под притисок или критики. Вечерва ќе имаме тежок натпревар, бидејќи Малме е физички силен тим, а ние сме тука да ја однесеме победата дома што ќе ни овозможи да гледаме позитивно на следните натпревари“, изјави Бонучи за „Тутоспорт“.
Средбата Малме – Јувентус се игра вечерва со почеток во 21 часот.