Од утре до 18 септември во Србија во „Штарк Арената“ ќе се одржи Светското првенство во борење на кое ќе настапи и Македонија.
Во нашата селекција се: Владимир Егоров ( 57 кг), Бесир Алили (61 кг), Фати Вејсели во категоријата до 70 кг, Дејан Митров (-79 кг) и Нуров (-97 кг). Наши главни адути за медал се европскиот шампион Егоров заедно со Нуров.
На Светското првенство во Белград треба да настапат повеќе од 2.500 борачи од 75 земји.