Италијанскиот стратег Клаудио Раниери нема да биде нов тренер на Бордо. По пропаѓањето на можниот договор со Тјери Анри, Бордо не успеа да го убеди ниту Раниери да ја преземе екипата.
Причина за неуспехот во преговорите се финансиските услови кои Бордо му ги понудил на Раниери. Во Нант, каде Раниери работеше за 340.000 евра месечно, во Бордо добил понуда за само 200.000 евра месечно.