Денес ќе бидат одиграни четири натпревари од 2.коло во ПМФЛ, а секако најголемо внимание привлекуваат натпреварите во Велес и Кратово.
Оној првиот е интересен поради тоа што по многугодишна пауза во Велес повторно ќе се игра прволигашки фудбал, а гостува не било кој , туку Вардар, најтрофејниот клуб во Македонија. Се очекува трибините на Градскиот стадион во Велес да бидат исполнети до последно место, а тоа што двете екипи во првото коло беа поразени е само дополнителен мотив да одат на три бода од оваа средба.
По стартниот пораз во Струмица кај Академија пандев, актуелниот шампион Шкендија оди на поправен кај Силекс во Кратово, а избраниците на Ќатип Османи ќе се обидат со победа да покажат дека ја надминале резултатската криза. На останатите два натпревари во Скопје, на теренот на ФФМ играат Македонија ЃП и Академија Пандев, а во тетово , ренова го пречекува новиот прволигаш Струга Трим&Лум.
Сите средби започнуваат во 17 часот.