Стефан Борсон кој беше дел од раководните гарнитури задолжени за финансии во Манчестер Сити, тврди, дека „граѓаните“ ќе бидат исфрлени од Лигата ако независната комисија ги потврди обвиненијата за прекршување на финансискиот фер-плеј.
„Сугестиите се дека клубот правел измама десет години наназад односно пријавените спонзорски договори од 50-60 милиони фунти во реалноста тежеле најмногу 8 милиони фунти“ – вели Борсон.
Претходно ФА најави дека уште неколку екипи од Премиер-лигата се соочуваат со ригорозни казни поради непочитување на финасиските правила.

