Напаѓачот на Борусија (Д), Себастијан Алер, нема да игра на реваншот против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите закажан за утре.
29-годишниот напаѓач би можел да го пропушти остатокот од актуелната сезона поради повредата на скочниот зглоб која ја заработи на саботниот дуел со Борусија (М).
Алер денеска ќе биде подложен на уште еден преглед. Борусија Дортмунд утре го пречекува Атлетико Мадрид со негатива од 2:1 од првиот четвртфинален меч минатата недела.