Борусија Дортмунд е на пат да си најде нов напаѓач. Според дел од шпанските медиуми, Германиците тргнале по потписот на фудбалерот на Атлетико Мадрид, Кевин Гамеиро, а веќе имаат подготвено и официјална понуда за него.
“Жолто-црните” имаат намера да извадат 20 милиони евра за фудбалерот кој има сериозна конкуренција во нападот на Атлетико во Антоан Гризман, Диего Коста и Вието.
Според информациите, самиот Гамеиро веќе сериозно размислува за промена, но претпочита да остане во шпанската Ла Лига. Деновиве се зборува и за интерес на Валенсија за него, но засега од таму нема индиции дека наскоро ќе има некаква понуда.