Лидерот на Бундеслигата, Борусија Дортмунд, ќе се обиде да го привлече дефанзивецот на Бона Јуниорс Леонарди Балерди.
Претседателот на Бока Јуниорс Даниел Анѓеличи им објасни на локалните медиуми дека треба да се сретне со претставниците на Борусија Дортмунд и да разговараат за овој трансфер.
„Ќе ја слушам нивната понуда и ќе видиме, ние нема да се разделиме од играчот по секоја цена”, рече Анѓеличи. Според информациите, Бока Јуниорс ќе го ослободи Балерди за 10 милиони долари. Аргентинските фудбалски стручњаци му предвидуваат светла иднина на 19-годишниот дефанзивец кој досега имал пет натпревари во дресот на Бока Јуниорс.