Германскиот тим Борусија Дортмунд на својот официјален „Твитер“ профил објави фотографии од дополнителен сет на дресови со кои ќе игра екипата во новата сезона од Лигата на шампиони и Купот на Германија.
Дресот најмногу е направен во традиционалната жолта боја на клубот. Единствениот исклучок беше горниот дел од дресот кој е направен од темно сива боја. Технички спонзор на Борусија Дортмунд е компанијата Пума.
Минатата сезона, Борусија го освои второто место во германската Бундес лига, загуби во трката за шампионската титула од Баерн Минхен, но директно ќе игра во групната фаза од Лигата на шампионите. Претходната сезона во Лигата на шампионите Борусија Дортмунд стигна до 1/8-финалната фаза, каде загубија од финалистот Тотенхем.