Напаѓачот на ПСВ Ајндховен и Холандија, Донјел Мален потпиша договор со Борусија Дортмунд, објави на официјалната веб-страница германскиот клуб. Договорот на 22-годишниот играч со Борусија Дортмунд е со важност до 30 јуни 2026 година.
„Борусија Дортмунд е најдобриот европски клуб, кој е на врвот на Бундеслигата, и исто така покажува добри резултати во Лигата на шампионите. Со нетрпение го чекам моментот кога ќе влезам на терен со моите нови соиграчи. И, се разбира, со нетрпение очекувам да се сретнам со навивачите на кои им се восхитува цела Европа“, рече Мален.
Мален играше за младинските екипи на Ајакс, Арсенал и ПСВ. Тој игра во сениорските екипи од 2018 година, а е повикан во репрезентацијата на Холандија од 2019 година. Во сезоната 2020/2021, напаѓачот одигра 32 натпревари во шампионатот на Холандија, постигна 19 гола и осум асистенции.