Напаѓачот на Вердар Бремен, Никлас Фулкруг се приклучи на Борусија Дортмунд. Ова го соопшти прес-службата на германскиот клуб.
Според пишувањата на медиумите, Борусија Дортмунд ќе плати 13 милиони евра за 30-годишниот напаѓач. Двете страни потпишаа тригодишен договор (до крајот на јуни 2026 година).
Во сезоната 2022/2023, Фулкруг забележа 30 настапи за Вердер Бремен во сите натпреварувања, постигнувајќи 16 гола и шест асистенции. Напаѓачот играше и за германската репрезентација на Светското првенство во Катар 2022 година, каде постигна два гола. Вкупно, Фулкруг одигра девет натпревари за националниот тим, на кои постигна седум голови и една асистенција.
Проценетата цена на овој фудбалер, според интернет порталот Трансфермаркт е 13 милиони евра.

