Борусија Дортмунд има намера да потпише нов договор со германскиот играч од средниот ред Јулијан Брант, тврди познатиот новинар и инсајдер Фабрицио Романо.
Според Романо, клубот сака однапред да се заштити од евентуалното заминување на Брант, чиј актуелен договор истекува во јуни 2024 година. Воедно, засега нема информации каква плата и рок со новиот договор ќе му биде понудена на 26-годишниот фудбалер. Јулијан Брант потекнува од школата на Баер Леверкузен, а за Борусија Дортмунд игра од 2019 година.
Јулијан Брант оваа сезона за Борусија Дортмунд настапи на 34 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи девет гола и пет асистенции.