Борусија Дортмунд смета дека ќе бидат во особено неповолна позиција доколку сезоната во Бундеслигата заврши со затворените врати бидејќи „жолто-црните“ го имаат најголемиот стадион во германската фудбалска елита.
„Не е лесно наеднаш да немате 80.000 навивачи зад себе, а 25 000 од нив да бидат на нашата легендарна трибина, тоа дефинитивно не е повеќе предност“, изјавија од раководството на клубот. Борусија Дортмунд е втора на табелата, четири бода зад шампионот Баерн Минхен. Борусија Дортмунд е најдобрата домашна екипа во сезоната и единствена екипа која е непобедлива пред сопствената публика.
Фудбалерите на Борусија Дортмунд треба да одиграат уште пет натпревари на домашен терен во Бундеслигата од преостанатите девет кола до крајот на сезоната. Првенството може да се обнови најрано во мај отккао беше суспендирано во март поради пандемијата од Ковид-19.