По вчеаршниот дебакл од Штутгарт на домашен терен беше сосема очекувано да реагира управата на Борусија Дортмунд и денес да му врачи отказ на тренерот, Лусиен Фавр.
По овој тежок пораз 63-годишниот Швајцарец доби отказ од екипата на Борусија Дортмунд и го заврши својот престој на „Сигнал Идуна Парк“. Тој дојде во Германија во 2018 година, кога пристигна од редовите на Ница.
Борусија имаше лоши резултати на последните пет натпревари и го загуби чекорот од водечките екипи во Будеслигата. Трите порази, едно реми и само една победа во последните пет средби го натераа раководството на клубот на овој потег. Во наредните неколку дена ќе биде соопштено името на наследникот на Лусиен Фавр.

