Менаџментот на Борусија Дортмунд се одлучи за Емануел Денис од Бриж кој би бил евентуална замена за Џејдон Санчо, кој скоро сигурно ќе биде продаден по крајот на сезоната.
22-годишниот Нигериец стана познат во есента кога постигна два гола против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ во натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите кој заврши 2:2.
Денис ја игра третата сезона во екипата на Бриж, откако беше купен за скромни 1,3 милиони евра од Зориа (Луганск). Африканецот може да дејствува на сите позиции на нападот. Њукасл, Брајтон, Шефилд Јунајтед, Ватфорд, Монако и Сампдорија исто така имаат интерес за овој играч.