Борусија Дортмунд постави уникатно достигнување за својата клупска историја.
Натпреварот од 29. коло во германската Бундес лига во кој Борусија Дортмунд го пречека Ајнтрахт Франкфурт го доби со резултат 4:0.
Со тоа тимот ја извојува деветтата последователна победа на домашен терен во една сезона во германскиот шампионат. Претходно, клубот не можеше да го направи тоа во целата своја историја. Победата и овозможи на Борусија Дортмунд да стигне до првата позиција во германското првенство.
Тимот има освоено 60 поени на 29 натпревари и на пет кола пред крајот на првенството е пред Баерн Минхен со еден бод предност. Во следното коло Борусија ќе игра со Бохум на гостински терен, а Баерн ќе ја пречека Херта.