Борусија Дортмунд е домаќин на ПСЖ во првото осминафинале од Лигата на шампионите и нема да згрешиме ако кажеме дека ова е дуелот кој го носи епитетот, дерби за голови во оваа фаза на Лигата на шампионите, од кој се очекува да понуди многу голови, отворен фудбал и вистински спектакл.
Двете екипи играат претежно напаѓачки фудбал, а Борусија има неколку сериозни проблеми во дефанзивата, што е гаранција за интересна средба. ПСЖ е фаворит, но факт е дека дури и по доаѓањето на Нејмар, францускиот тим сè уште не е во можност да постигне нешто значајно во најпрестижното клупско натпреварување.
Имаше многу прашања во врска со вклученоста на Бразилецот во натпреварот, но тренерот Томас Тухел јасно стави до знаење, велејќи дека напаѓачот е здрав и ќе игра на „Сигнал Идина Парк“. Нејмар вчера тренираше и ќе започне од првата минута. Тој и Анхел Ди Мариа ќе напаѓаат од двете страни, со Килијан Мбапе и Мауро Икарди кои ќе бидат во нападот на ПСЖ.
Двојка во средниот ред ќе бидат Марко Верати и Идрис Геј. Ветеранот Тиаго Силва се очекува да биде на клупата, на која ќе бидат имиња како Единсон Кавани, Jулијан Дракслер и Андер Ерера.
Кај Борусија Дортмунд поради повреда ќе ги нема Марко Ројс и Jулијан Брант, но дури и во нивно отсуство тренерот Лусиен Февр има многу напаѓачки опции. Норвешката сензација Ерлинг Халанд ќе се обиде да ја продолжи својата серија на постигнување на голови во Лигата на шампионите, која започна во есенскиот дел во дресот на РБ Салцбург, а Торган Азар и Џејдон Санчо исто така ќе бидат постојана закана за голот на ПСЖ.
Томас Тухел за првпат по напуштањето на Дортмунд ќе се појави на „Сигнал Идуна Парк“, каде што ќе се обиде да му донесе успех на ПСЖ, кој три години во низа e елиминиран во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Лусиен Фавр и своите играчи викендов се вратија на победите и го прегазија Ајнтрахт Франкфурт со 4:0, по двата порази од Баер Леверкузен во Бундеслигата и Вердер Бремен во Купот на Германија. Од друга страна, Тухел и ПСЖ одиграа фантастично интересен натпревар на гости кај Амиен, каде се вратија по негатива од три гола, поведоа но во финишот испуштија победа и одиграа нерешени 4:4.
Томас Тухел ја предводеше Борусија Дортмунд од 2015 до 2017 година, освојувајќи една титула во Купот на Германија. Отказот го заработи откако „милионерите“ завршија трети во Бундеслигата, зад Баерн Минхем и РБ Лајпциг.
Борусија Дортмунд и ПСЖ досега одиграа двомеч во групната фаза на Лигата на шампионите во 2010 година, а двата дуели завршија без победник со 0-0 и 1-1.
Сепак, тешко е да се очекува дека оваа нокаут рунда ќе мине со малку погодоци, бидејќи двата тима имаат одличен напаѓачки арсенал и нивните натпревари често завршуваат со доста голови.
Можни состави:
Борусија Д.(3-4-3): Бурки; Пишчек, Хумелс, Аканџи; Хакими, Чан, Витсел, Гуереро; Т. Азар, Халанд и Санчо.
ПСЖ (4-4-2): К. Навас; Муние, Маркињос, Кимпембе, Бернат; Ди Мариа, Верати, И.Геј, Нејмар; Икарди, Мбапе
Денешната натпревар ќе стартува во 21:00 часот,ќе го суди Лахоз од Шпанија, а реваншот ќе се игра на 11 март на „Паркот на принцовите“ во Париз.