Борусија Дормунд вечер од 21.00 часот ќе го пречека Манчестер Сити во реванш-мечот од 1 /4 финалето во Лигата на шампионите. „Милионерите“ ќе се обидат да ја анулираат негативата од првиот дуел кога загубија минимално 2:1.
Германците четири пати играле во полуфиналето а последен пат тоа се случило во 2013 година. Тимот од Дормунд и „граѓаните“ имаат три средби во ЛШ. Двете екипи имаат по една победа а една средба завршила нерешено. Гол разликата е 3-3.
Веројатни состави: Борусија Дортмунд: Хиц, Мареј, Аканџи, Хумелс, Гереро, Белингем, Јан, Дахуд, Реина, Халанд и Ројс. Манчестер Сити: Едерсон, Кансело, Лапорте, Дијаз, Вокер, Гундоган, Родри, Де Бруин, Фоден, Силва и Марез. Судија: Карлос Дел Гранде од Шпанија. Победникот од пресметката меѓу германците и англичаните во последниот елиминациски филтер во ЛШ ќе се се сретне со францускиот ПСЖ.