Раководството на Борусија Дортмунд нема намера да го ослободи напаѓачот Ерлинг Холанд во следните трансфер периоди.
Според весникот „АС“, од Борусија имаат намера да го задржат 19-годишниот Норвежанец до летото 2022 година. Во исто време, тие би сакале да го продадат играчот на Реал Мадрид, бидејќи генералниот директор на германскиот клуб, Ханс-Јоаким Вацке има добри односи со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.
Исто така, во договорот може да биде вклучен и дефанзивецот на „Кралскиот клуб“ Ашраф Хакими, кој моментно игра за Борусија на позајмица. Претходно беше објавено дека за услугите на Холанд се заинтересирани Јувентус и Манчестер Јунајтед, кои се обидоа да го купат минатата зима од Ред Бул Салцбург.