Борусија Дортмунд потврди дека утрово напаѓачот Никлас Фулкруг го напуштил кампот на тимот во Швајцарија за да преговара за трансфер. Речиси сигурно е дека германскиот репрезентативец кариерата ќе ја продолжи во англискиот Вест Хем Јунајтед.
Фулкруг (31) го напушта „Сигнал Идуна Парк“ по само една сезона во која имаше 15 гола и 10 асистенции на 45 натпревари. За него на Вердер Бремен му беа исплатени 17 милиони евра. Според новинарот Флоријан Платенберг, Вест Хем ќе плати 26+4 милиони евра за Фулкруг, кој ќе потпише договор на 3+1 година на нето плата од 3 милиони евра.
За него беше заинтересиран и Милан, но Росонерите не можеа да ги исполнат финансиските барања на Борусија Дортмунд.

