Борусија Дортмунд е сериозна во намерите со купување на голгетерот на Челзи, Батшуаи. Фудбалерот кој дојде на позајмица во редовите на „милионерите“ ова зима, сериозно се наметна во тимот и веќе стана посакуван фудбалер во составот на Германците и за следната сезона.
Самиот голгетер исто така на неколку наврати изјави дека би сакал да остане во Германија. Според „Дејли Меил“, Борусија може да се обиде да го добие потписот на младиот голгетер за сума од околу 40 милиони евра.