Германскиот тим Борусија Дортмунд сака да го продолжи договорот за позајмица на дефанзивецот на Реал Мадрид, Ашраф Хакими, пренесува „Билд“.
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан не е сигурен дека 21-годишниот Мароканец ќе добие можности за настап во неговата екипа во текот на следната сезона, па затоа е подготвен да дозволи играчот да остане во Борусија Дортмунд уште една година.
Ашраф Хакими успеа да постигне 9 голови и 10 асистенции на 41 натпревар за Борусија Дортмунд во сите натпреварувања од сезоната 2019/20.