Како што објавија босанските медиуми утрово, Фарук Хаџибегиќ дефинитивно повеќе не е селектор на БиХ.
По очајните резултати во квалификациите за ЕП, а особено поразот од Луксембург со 0-2 во Зеница, Хаџибегиќ ја загуби довербата на првиот човек на тамошната Федерација, но и на целата спортска јавност. Сосема извесно беше дека отказот не му бега.
Денеска пристигна и официјалната потврда за неговата смена. Босанците веќе се во потрага по негов наследник.