Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Бошковски:  Само со напорна работа може да се надеваме на значајни успеси
    Фудбал

    Бошковски:  Само со напорна работа може да се надеваме на значајни успеси

    dinoBy dino10/09/2024No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Поранешниот македонски фудбалер и репрезентативец, Зоран Бошковски- Чоко,  кој е еден од добитниците на годинешнава награда – „8 Септември“ во областа на спортот,  денеска беше гостин во студиото на Спортско Радио 90,3 ФМ. Стрелецот на првиот гол за Македонија по осамостојувањето, вели дека е посебна чест и задоволство да се добие такво големо државно признание.

    „ Навистина сум пресреќен што мојата работа во фудбалот која трае повеќе од 30-ет години ми донесе такво значајно признание.  Наградата е доказ за моето максимално вложување без разлика дали во клубовите, репрезентацијата или како тренер. Имаше многу емоција кај мене кога дознав дека јас ќе бидам меѓу добитниците“ – вели Бошковски.

    „Мислам дека многу работи се променија од  90-тите години кога започна фудбалот во самостојна Македонија. Тогаш имаше големо медиумско внимание, многу еуфорија и публика на трибините. Играа големи имиња како наследство од претходната држава. Сега можеби има подобри услови за работа но, квалитетот не е на посакуваното ниво.  Исто така и посетеноста на натпреварите. Сликата е променета и во репрезентацијата. Треба многу да се работи за да се постигнат добри резултати на сите полиња и во сите категории. Мислам дека треба да се вложува најмногу во најмладите “ – потенцираше Бошковски во интервјуто за Спортско радио 90,3 ФМ.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.