Жозеп Бартоме, првиот човек на фудбалскиот состав Барселона, потенцирал дека не е задоволен од играта на францускиот интренационалец, Антоан Гризман, кој во меѓувреме имаше и конфликт со првата ѕвезда на тимот, Лео Меси.
Според наведеното во весникот – „АС“, шефот на каталонскиот клуб е разочаран од односот и пред се од вложувањето на теренот од страна на напаѓачот и затоа ќе ја разгледа опцијата да го продаде.
Гризман кој во претходното лето беше купен од Атлетико Мадрид досега одигра 43 мечеви во сите конкуренции со ефект од 14 голови и 4 асистенции.
