Челниците на фудбалскиот состав Милан го договориле првото летно засилување. Станува збор за дефанзивецот на Лил, Свен Ботман, кој од наредната сезона ќе ги брани боите на „росонерите“.
Фудбалерот ќе потпише договор до 2027 година и ќе добива по 3 милиони евра по сезона. Според наводите, францускиот состав бара околу 40 милиони евра за потписот на Ботман.
22-годишниот централен дефанзивец во сезонава има 21 натпревар и 3 гола во француското првенство.