Македонската футсал репрезентација ќе биде домаќин на претквалификацискиот турнир за Светското првенство 2020 година, а овој квалификациски турнир ќе се игра во Скопје. Во групата со нашата репрезентација се уште Словенија, Косово и Украина.
Селекторот Иван Божовиќ го објави списокот на играчи на кои ќе смета за овие натпревари:
Голмани: Антонио Петровски (Проект), Иван Стојановски (Велес), Шефки Бериша (Шкупи);
Одбрана: Зоран Левески (Шкупи), Ферид Агуши (Шкупи);
Напад: Иван Крстевски (Врање, Србија), Таулант Исмаили (Арбен Бајрами), Даниел Де Соуса (Мостар, БиХ), Садат Зибери (Италпол, Италија), Јакуп Рамадан (Нови Пазар, Србија), Драган Петровиќ (Шкупи), Адријан Мицевски (Сквер Дубровник, Хрватска), Џо Арсовски (АБНА Чека, Либан), Сулејман Реџеп (Шкупи), Александар Глигоров (Шкупи), Исмет Чека (Шкупи), Еркан Сефери (Шкупи)
Овие квалификации се играа во периодот од 24 до 27 октомври, а започнуваме против Словенците на 24 октомври, ден подоцна ќе играме со Косово, а на 27 октомври ќе ги завршиме овие квалификации против Украина.