По лошиот настап и резултатите постигнати во квалификациите за СП во футсал, три порази во три натпревари и без освоен бод на квалификацискиот турнир одражан во Скопје, селекторот на нашата футсал репрезентација Иван Божовиќ најави дека вече нема да ја води нашата селекција.
„Во моментов не гледам како би можел да помогнам во футсал репрезентацијата на Македонија и затоа решив да се повлечам од селекторското место и тоа му го соопштив на директорор на репрезентацијацата Скендеровски“ ни изјави Божовиќ.
Сега на потег е ФФМ која ќе треба да донесе одлука кој ќе ја предводи во иднина футсал селекцијата на Македонија која ќе ја очекуваат натпревари во квалификациите за Европското првенство.

