Поранешниот фудбалер на Селтик, Мет О’Рајли, потпиша договор со Брајтон до јуни 2029 година, соопшти англискиот клуб.
Британските медиуми велат дека Брајтон за овој трансфер издвоил 30 милиони фунти.
О’Рајли (23) е дете на Фулам, а потоа играше за Милтон Кејнс Донс пред да се пресели во Селтик во 2022 година. За клубот од Глазгов одигра 124 натпревари и постигна 27 голови.
О’Рајли помина низ младинските селекции на Англија, а потоа во 2022 година реши да игра за младата (У21) репрезентација на Данска. Тој одигра два натпревари и за А селекцијата на Данска.

