Англискиот фудбалски состав Брајтон сака да го доведе напаѓачот на Барселона, Мартин Брајтвајт.
Данецот кој за неколку дена ќе наполни 31 година ќе биде ставен на трансфер-листата а „галебите“ ќе се обидат да го купат , пишува – „Мундо Депортиво“.
Фудбалерот кој се соочуваше со повреди и одигра само 4 натпревари на кои постигна 2 гола. Информациите од „Камп Ноу“ велат дека искусниот фудбалер не влегува во плановите на тренерот, Чави и сигурно ќе си замине.