Прв од македонските спортисти кои се појавија на ЛОИ во Токио беше Борјан Бранковски кој не обезбеди пласман во финалето на турнирот во стрелаштво од 10 метри со воздушен пиштол, откако квалификациите ги заврши на 21. место од 36 натпреварувачи со 573 поени и просечна прецизност од 9.55.
На натпреварот во кој учествуваа најквалитетните натпреварувачи одбрани од целиот свет најмладиот помеѓу нив, Борјан Бранковски, за првпат го оствари својот највисокиот резултат 573 кругови (серии: 94, 93, 98, 95, 96, 97).
Ова постигнување е впрочем личен и државен рекорд, а му недостасуваа само пет кругови за влез во финале и борба за медал. 24-годишниот Борјан Бранковски докажа дека има потенцијал и квалитет за уште поголеми резултати во иднина, а овој пласман за еден спортски стрелец е највисок пласман за Македонија на Олимписки игри од нејзиното осамостојување.