Дефанзивецот Флорентин Погба, кој е постар брат на играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, ќе ја продолжи кариерата во Франција.
29-годишниот дефанзивец ќе се приклучи на клубот од Лига 2 – Сошо, според официјалната веб-страница на тимот. Договорот меѓу двете страни, кој ќе трае три сезони, ќе биде официјално склучен откако играчот ќе ги помине медицинските прегледи.
Последниот клуб на Флорентин Погба беше Атланта Јунајтед, кој го напушти во 2019 година. Тој претходно играше за Генчлербирлиги, Седан и Сент Етијен.