Братучед на сопственикот на Манчестер Сити, шеикот Мансур, исто така, изрази желба да купи свој фудбалскиот клуб во англиската Премиер лига. Извесниот Калид бин Султан бин Зајед Ал Нахјан им понудил на сопствениците на Ливерпул сума од 2 милијарди фунти уште во јануари оваа година, за да ги откупи акциите во еден од најпопуларните англиски клубови.
Шеикот Калид неколку месеци од крајот на 2017 до почетокот на 2018 година – преговарал со американските сопственици на Ливерпул. Според англиски извори, преговорите биле неуспешни и двете страни ги прекинале односите.
Fenway Sports Group, која е сопственик на Ливерпул, веќе реагираше изјавувајќи дека клубот не е за продажба, но тие се подготвени да учествуваат во евентуално оттуѓување на мал пакет на акции.