Дефанзивецот на ПСЖ и на бразилската репрезентација, Дани Алвеш, може да го пропушти светското првенство во Русија, откако се повреди во синоќешното финале на Купот на Франција.
35-годишниот бек беше заменет во 41. минута на финалениот меч кој ПСЖ го доби со 2:0. Станува збор за повреда на коленото, која денеска треба да биде потврдена.
Прелиминарните прегледи на лекарите открија веројатна повреда на лигаментите. Денес, играчот ќе оди на магнетна резонанца која ќе ја даде точната дијагноза.